Ослободени 240 затвореници од затворот Идризово

Откако стапи на сила Законот за амнестија, затворот Идризово досега го напуштила 240 затвореници. Најбројни се они кои се осудени за кражби, разбојништва, недозволено држење оружје и за поседување и шверц на дрога…

„Досега вратени решенија од судовите се 937. Целосно ослободени согласно чл. 206 ослободени се 240 лица. Очекуваме во текот на наредните денови оваа бројка да биде уште поголема“, вели Садуш Арифи.

Законот за амнестија беше усвоен во јануари оваа година. Со овој закон се ослободуваат од издржување на затворска казна осудените лица на кои им е изречена казна до шест месеци. Оние што добиле над шест месеци, се ослободуваат од издржување на 30 отсто од целокупната казна.

 

 

 

07.02.2018 - 21:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега