Заев го менува името на Аеродромот - Грците велат „Македонија не е само грчка"

По синоќешната прес-конференција на шефот на македонската Влада, Зоран Заев, на која објави дека по менувањето на името на автопатот во Пријателство, ќе се смени името на Аеродромот Александар Велики во „Меѓународен Аеродром Скопје", не стивнуваат реакциите.

Потпретседателот на ВМРО-ДМНЕ, Александар Николовски вчера на социјалната мрежа Фејсбук реагираше на одлуката да се смени името на Аеродромот Александар Велики, како и Автопатот.

Тој напиша дека Македонија со преименувањето губи нешто свое, а не добива ништо за возврат и дека се прават еднострани отстапки.

Од друга страна, реагираа од грчкото МНР:

Се надеваме дека ова ќе значи отворање на ново поглавје во односите на двете земји и двата народи, велат од грчкото Министерство за надворешни работи во соопштението во кое, како што јавува дописникот на МИА од Атина, ја поздравуваат одлуката на македонската Влада да ги преименува автопатот и аеродромот.

- Ја поздравуваме денешната одлука на Владата на поранешната југословенска Република Македонија да го преименува аеродромот во Скопје во „Меѓународен аеродром Скопје“, како и автопатот што го поврзува Скопје со грчката граница во „Автопат Пријателство“. Денешната одлука е позитивен чекор за пресврт на она што беше направено во изминатата деценија и ги отежна односите меѓу двете земји. Тоа е важен развој во насока на справување со иредентизмот и се надеваме дека ќе значи отворање на ново поглавје во односите на двете земји и двата народи, соопштуваат од грчкото МНР. 

Претходно и портпаролот на грчката Влада, Димитрис Ѕанакопулус изјави дека географската положба на Македонија не и припаѓа само на Грција, туку и на други држави.

 

 

 

07.02.2018 - 08:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега