ВМРО-ДПМНЕ: Со факти и документи е докажано дека Заев лаже

ВМРО-ДПМНЕ денеска повторно осврнувајќи се на изјавите на лидерот на СДСМ Зоран Заев за холандската инвестиција оцени дека тој нема проекти и визија за напредок.

Портпаролот на партијата Александар Бичиклиски на прес-конференција рече дека со факти и документи се демантирани изјавите на Заев дека ја донел холандската инвестиција и оти општината ја изградила инфраструктурата на зоната и обезбедила поволни услови за инвестирање.

- Сите три негови лаги беа демантирани со документи и факти. Покрај тоа што излажа, Зоран Заев ниту лично, ниту преку неговата партија неколку дена не се појавува да признае или пак да се извини за своите лажни тврдења дека ја донеле холандската инвестиција и обезбедиле комунална инфраструктура, истакна Бичиклиски.

Според ВМРО-ДПМНЕ, Заев треба да им се извини на граѓаните за изнесените лаги и за тоа што обвинил дека други лажеле за холандската инвестиција.

- Зоран Заев и општина Струмица согласно договорот добиле над 52 милиони денари за инфраструктурна изградба на зоната, пред која лично Заев се фалеше дека сам ја изградил и ја обезбедил инвестицијата. Ова покажува дека СДСМ нема проекти, нема визија за напредок, а Заев покажа дека нема ниту дела зад себе. Затоа тој се кити со работата на другите, рече Бичиклиски. 

03.09.2013 - 15:32

најчитано сега