Моден водач: Време е да се научат некои стилски правила еднаш засекогаш

Колку и да се чувствуваме удобно во нешто, понекогаш треба и тоа да направиме да изгледа убаво и да оставиме добар впечаток.

Посебно, кога одиме на важен настан, состанок или средба со некого за првпат.

Постојат неколку правила кои треба на сите да им бидат врежани во главата и никогаш повеќе да не погрешат.

Следете ги следниве и никогаш нема да погрешите:

Средното копче на сакото секогаш треба да биде закопчано. Горното копче, зависно од расположението. Најдолното копче никогаш не треба да е закопчано.

Кога носите кошула или блуза со копчиња, можете да откопчате максимум 2 копчиња.

Од накит, носете или обетки во комбинација со бразлетна, или ланче во комбинација со прстен.

Врвот на краватата треба да се допира до вашата половина или да биде малку под неа. Не многу долго, не многу кратко.

Одлучете се или за мини фустан со затворен горен дел, или подолг фустан со деколте.

Никогаш двете заедно – премногу е вулгарно.

Ако носите кошула без палто, не ви е потребна кравата.

Отворот на деловната кошула не треба да биде подлабок од 10 cm, почнувајќи од клучната коска.

Ако кошулата ја ставите внатре во панталоните, задолжително ставете колан.

Голата кожа помеѓу панталоните и горната облека никогаш не треба да биде видлива.

Секогаш носете нешто подолго одоздола, доколку горниот дел е пократок.

Коланот секогаш треба да биде во иста боја како и чевлите.

Сите видливи етикети на облеката треба да се исечат или одлепат.

Не носете премногу шарени принтови во една комбинација. Можете да комбинирате 2 различни шари, но во една иста боја. Или, 2 еднакви шари со различна големина.

Чорапите секогаш треба да бидат доволно високи и никогаш не треба да ѕирка гола кожа кога ќе седнете.

 

 

 

 

04.02.2018 - 11:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега