Фотографија од 1992-ра година: „Сопругот ми порача дека ова е последната ноќ која ќе ја дочекам жива“

Мојот сопруг ме фотографираше велејќи ми дека тоа е последната ноќ која ќе ја преживеам во животот. Рече дека ме фотографира за моите синови да имаат спомен од нивната мајка.

„На 1-ви февруари 1992-ра година бегав од насилен брак. Оваа слика беше создадена ноќта пред да избегам. Не знам како ја преживеав таа ноќ. Мојот сопруг ме фотографираше велејќи ми дека тоа е последната ноќ која ќе ја преживеам во животот. Рече дека ме фотографира за моите синови да имаат спомен од нивната мајка. Тогаш децата ми имаа по 4 и 2 години“.

Тим Шарп, едно од децата на оваа фотографија денес е познат уметник. Постојано говори гласно за семејното насилство кое го преживеала и нивната мајка.

Ова е приказната за жената која го родила и која му служи како пример во животот.

-Искрено, за себе воопшто не се грижев. Бев преморена од се низ што имав поминато. Побегнав од насилникот за да си ги спасам синовите. Не верував дека имам било каква иднина, а надеж немав воопшто. Но морав да пробам се, заради нив. Морав да ги заштитам децата од злото. На почетокот живеевме ден за ден, имав пари само за храна и вода. Синот Тим ми боледува од аутизам и секој ден барав сонце за него. Смислив неколку правила за себе, а ги следам и денес. Им ги препорачувам на сите во слична ситуација, вели храбрата мајка.

ЕВЕ ДЕЛ ОД НЕЈЗИНИТЕ ПРАВИЛА

1.Секогаш прво плати ги сметките. Луѓето повеќе би ви помогнале за храна, отколку што ќе ви платат сметка за било што.

2.Колку и да ви е тешко да побарате нешто кое ви треба, кога ќе замолите некој близок, тој сигурно ќе ви помогне. Но, луѓето не читаат мисли, вие морате да им кажете што ви треба. Барајте го неопходното, не било што.

3.Секогаш биди благодарна и за најмалиот знак на внимание.

4.Бројот еден е осамен број, но имаш цел кревет за себе.

5.Сопругот на моја пријателка ми кажа дека ситуацијата ќе биде подобра секој ден за ден. Не му верував, но навистина излезе така. Не верував дека тоа е можно. Секој ден си запишував по една добра работа која ми се случила во текот на денот, тој така ме советуваше. Некогаш ми беше тешко да смислам, но секој ден имав напишано лист хартија.

6.Без разлика на приходите, на секое семејство му треба куче. Никој нема толку да се израдува кога ќе ве види на вратата. Ве развеселуваат и ве тераат барем за миг, да заборавите на се.

7.Самохраните мајки одгледуваат неверојатни суштества. Јас сум силна и непобедлива. Јас можам се затоа што сум мајка.

8.Ретко кога само една работа тргнува кон лошо. Некогаш има 2-3, некогаш повеќе. Решавајте ги една по една и дајте се од себе. Животот не е фер, ама сепак е живот.

9.Семејството е единственото кое е важно. За тоа вреди да се бориш. Кога имате деца борбата е жестока, тешка и долга. Кога, како мене имате дете со аутизам, треба да станете експерт за борби, таква бев јас. Верувајте ви себе, станете глава на семејството и се ќе биде во ред.

10.Ова е многу важно. Во ова мора да верувате! Кажете си на себе „Јас не сум виновна. Јас тоа не го заслужив. Никој не заслужува болка“.

 

 

 

 

02.02.2018 - 23:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа