Нано Ружин: Сирија нема да донесе трета светска војна

Поранешниот амбасадор на МАкедонија во НАТО, Нано Ружин во интервју за Прес24, прави целосна анализа за состојбите на Блискиот Исток, по најавите на САД за воена интервенција врз Сирија. Евентуалена воздушна интервенција може дапредизвика големи воени жаришта и ново заладување на односите Москва-Вашингот, но не верува дека дека руските закани за напад врз Саудиска Арабија, како против одговор на нападот на Сириај не се остварливи.

Таквата закана е нереална и надрелаистичка, и представува само еден студено-воен дискурс, вели Ружин, потенцирајќи дека и покрај сериозноста од создавање на ново големо воено жариште, со вклучување на повеќе држави од блискиот исток, но и од Европа, сепак светот не треба да стравува од можност за трета светска војна, како што некои светски аналитичари предупредуваат.

 

-Трета светска војна во овој момент не е можна од повеќе причини.  Ниту главните актери на таквата војна  со своето однесување не ги повредуваат правилата на новиот меѓународен поредок , ниту некој од нив живее и функционира автаркично без контакти со другите актери како што тоа беше за време пред двете светски војни или за време на студената војна. Единствено американците сметаат дека со употребата на хемијското оружје од страна на армијата на Башар ел-Асад , била помината црвената линија на однесување на диктаторот кон сопствениот народ. Затоа Обама зборува за морални обврски за да се запре злочинот, а неговиот Државен секретар за надворешна политика Џон Кери истакнува дека Историјата ќе ни суди на најгруб начин доколку го свртиме поглеот од Сирија., вели за Прес24, екс амбасадорот во НАТО.

Американскиот претседател, иако најавива интервенција, сепак не е толку убеден во својата решителност, особено откако Велика Британија овој пат ја откажа својата традиционална поддршка на ваквите американски воени интервенции.

-Во такви услови , одлуката на Барак Обама може да доведе до негово меѓународно излоирање што не е пожелно за еден американски претсеадетл затоа тој и одлучи околу ова прашање да пресече американскиот Конгрес, вели Ружин.

Тој смета дека по 9 сптември се можни три сценарија.

- Прво сценарио е дека во случај на добивање зелено светло од страна на Конгресот, Обама политички ќе зајакне, а потоа ќе има широк простор на убедување подржувачите на Сирија со отворена закана за интервенција. Второто сценарио е Конгресот да не даде зелено светло за интервенција. Обама можеби би ја почитувал одлуката, но би истакнал дека меѓународните правила не би смееле да се изигруваат.Под тој изговор тој може да ја бомбардира Сирија но без да објави војна инаку мала но значајна нијанса која му овозможи на Џорџ Буш да води војна во Ирак 2003 без да добие одобрение од Конгресот.Сепак таквото сценарио е непопуларно и изсилено.Трето сценарио , е Конгресот да го одбие предлогот на Претседателот Обама, а под притисок на јавното мислење и меѓународната заедница тој да отстапи од воена интервенција. Во тој случа Обама ја губи популарноста и кредибилитетит, Асад трумфира и на внатрешен и на надворешен план, а на О бама му останува да бара нови санкции со кои би ја блокирал употребата на хемијското оружје. Но веќе на ова ниво никој не може да предвиди каде ќе застане Асад, анализира во интервјуто за Прес24, Нано Ружин.

Поранешниот амбасадор, смета дека со Сирија нема да заврши арпската пролет и дека уште неколку држави можат да се соочат со овој тип на револуции, за кои некои светски аналитичари проценуваат дека наместо борба за демократија, овие револуции се претворија во инатсалации на радикалниот фундаментализам.

- На прв поглед тоа е точно, меѓутоа со смената на диктаторите и корумпираните политичари народот доби еден издувен вентил низ кој може да ја остварува сопствената воља. Дали се тоа плоштадите, парламентот, слободата на медиумите и рушењето на старите митови тоа е ирелевантно. Битно е дека се смени политичкиот амбиент во чии рамки постојано се бараше слободата, но не и демократијата. Тоа е можеби и најголемата слабост на арапските диктатури односно недостатокот на соодветен демократски механизам кој ќе ги артикулира специфичностите на арапското општество и култура, вели Ружин, потенцирајќи дека нема опасност од ширење на радикалниот ислам во Европа, а ниту некоја сериозна опасност од тоа што македонски државјани се дел од боиштат на блискиот исток.

- Засега Балканот е мирен и покрај фактот што НАТО регистрира неколку келии на муслимански екстремисти во БиХ, вели за Прес24, Нано Ружин

Екс амбасадорот на Македонија во НАТО, очекува поодлучна позиција на Македонија во поглед на ова прашање, иако смета дека официјално Скопје ќе ја поддржи одлуката на САД и на Турција.

- Македонија нема идентитет на сопствената надворешна политика и во своите ориентации поаѓа од тоа како се поставени главните партнери САД,Турција, Германија, ЕУ, НАТО. Со оглед дека позициите на овие актери се различни, засега РМ молчи, но најверојатно ќе се поведе според позицијата на САД и Турција, односно ќе ја подржи возддушната интервенција на САД врз Сирија. Мојата позиција е дека нашата дипломатија би требало да инсистира решението на кризата да се бара преку ООН, а одговорноста за злочинот врз народот да го поднесе авторот што наредил да се употреби хемијско воено оружје, вели Ружин во интервјуто за Прес24.

Во Интервјуот, Нано Ружин заборува и за македонската дипломатија и за прашањето за името.

- Средбите на Али Ахмети со МНР на Грција Везинелос се само еден обичен саемски трик. Една саемска дипломатија. Се ефектуира само заради сликање, но не и заради достигање на вистински ефекти. Доколку Ахмети сака да игра на картата на изнаоѓање компромис за името со Грција, тоа повеќе треба да го прави на внатрешен план бидејќи со овие посети ја бламира македонската дипломатија која на тој начин станиува неспособна во очите на меѓународната зедница, вели Ружин за Прес24, анализирајќи ја засилената меѓународна дипломатија на лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

ПРЕС24: Најавите за интеревнција на САД врз Сирија го фокусираат светското внимание. Предупредувањата се дека ова може да предизвика нов сериозен конфлик со големи последици. Како тоа може да се рефлектира врз безбедноста во светот?

РУЖИН: Најавената интервенцијата на САД врз Сирија во овој миг е најзначајното безбедносно прашање во современите меѓународни односи. Оваа криза ги афектира и САД, дел од членките на ЕУ во преден план Франција, нивните сојузници на Блискиот Исток како Катар, Садуијска Арабија, Кувајт, Алжир, Египет, Израел и Турција како и оската која му дава подршка на сиријскиот режим на Башар ел-Асад а тоа се Русија, Кина и Иран. Таквата интерпозиција на споменатите актери е доволен индикатор за размислување во геополитички и геостратешки категории. Со најавената воздушна интеревнција против режимот на Асад, можна е нова дестабилизација на Блискиот Исток и пошироко. Вовлекување во кризата и на Израел и на Либан и на Плаестина, а во една попесимистичка варијаната и на други Блискоисточни држави. Воедно со евентуалната успешна воздушна интервенција, можно е јакнење на опозиционите сили од кои некои се блиски до Ал Каеда. И покрај психологијата на претпазливоста и на внимателноста кон оваа криза, таа би можела да ги залади одностите Москва-Вашингтон, но се очекува да остане сепак еден регионален конфликт кој не може да ја загрози безбедноста на меѓународната заедница. Впрочем и американските и француските О-планери го земале предвид и тој ризик и затоа одлучиле на интервенција во полза на повисоки хуманитарни цели.       

ПРЕС24:  Препупредувањата од Руисија се сериозни. Колку е реална заканата на Владимир Путин, дека доколку САД, ја нападне Сирија, тие ќе возвратат со напад врз Саудиска Арабија?

РУЖИН: Таквата закана е нереална и надрелаистичка, и представува само еден студено-воен дискурс. Во меѓувреме по најавата на американскиот Претседател за воздушна интервенција врз Сирија за само три дена се случија неколку значајни настани кои и даваат поинаков тон на оваа криза. Најнапред Германија а потоа и Велика Британија инаку досега најверниот сојузник на САД, заради слабостите и жртвите на интервенцијата во Ирак во февруари 2003 како и критиките кон администрацијата на Тони Блер, се откажа од интервенцијата во Сирија. Единствен сојузник на САД кој е оперативно оспособен да дејствува на подалечна географска дистанца е  Франција. Меѓутоа ретерирањето на Претседателот Обама наместо дирекна воздушна интервенција што му ја обезбедува и Уставот на САД, да го вмеша Конгресот кој треба да се изјасни  за неговиот предлог (најрано по 9 септември) , се уште отвара мал простор за поинакви сценарија за овој  спор. Таквиот ненадеен потег ја стави во непријатна состојба француската дипломатија бидејки Претседателот Оланд веќе ја прифати иницијативата на Претседателот Обама. Шефот на пратеничката група на опозицијата, Ж.Ф. Копе му порача “да не прави од Франција заложник на Вашингтон” и да се ефектуира расправата и во Францускиот Парламент, независно од доказите со кои располага француското разузнавање за употребата на хемијското оружје. Затоа деновиве првата политичка цел на Оланд е да го убеди француското јавно мислење во валидноста на доказите со кои располагаат француските разузнавачки служби. Засега тоа не е доволно убедено во потребата на воздушната интервенција врз Сирија исто како и Арапската лига која е целосно подлелена по ова прашање. Советот за безбедност на ОН исто така е поделен и во такви услови најдобра солуција е дијалогот и договорот меѓу најмоќните сили на планетата. Во таа насока  одредени надежи се полагаат  во средбата на лидерите на најмоќните 20 држави во светот Г-20 која ќе се одржи на 5 септември во Москва.

ПРЕС24:   Хипотетички, колку и да не е сериозна заканата на Русија, сепак руски бродови веќе се стационирани во близна на Сирија. Вмешување на Русија, САД, Израел, Турција, Франција, која дава поддршака на интервенцијата на САД, се доволна причина за создавање жариште за трета светска војна. Колку тоа звучи застрашувачко, а колку реално?

РУЖИН: Трета светска војна во овој момент не е можна од повеќе причини.  Ниту главните актери на таквата војна  со своето однесување не ги повредуваат правилата на новиот меѓународен поредок , ниту некој од нив живее и функционира автаркично без контакти со другите актери како што тоа беше за време пред двете светски војни или за време на студената војна. Единствено американците сметаат дека со употребата на хемијското оружје од страна на армијата на Башар ел-Асад , била помината црвената линија на однесување на диктаторот кон сопствениот народ. Затоа Обама зборува за морални обврски за да се запре злочинот, а неговиот Државен секретар за надворешна политика Џон Кери истакнува дека Историјата ќе ни суди на најгруб начин доколку го свртиме поглеот од Сирија.Сите знаеме дека Асад поседува програма за хемијски оружја која је најразвиена на целиот Среден Исток. Сите овие елементи навистина му даваат право на Претседателот Путин да суди дека во случај на воздушна интервенција врз Сирија ќе се поремети меѓународниот поредок, но не до таа мера за да предизвика Трета светска војна. Патем според Москва, доказите на Вашигтон и Париз биле мошне тенки и Русија смета дека токму бунтовниците, а не режимот на Асад го користеле хемијското оружје. Во оваа насока стационирањето на американските носачи и на руските воени бродови се повеќе психолошки потег за заплашување односно охрабрување на пријателите и непријателите на Сирија.

ПРЕС24:  Кои се интересите што овој пат ги поврзуваат Америка и Иран?

РУЖИН: Интересна е анализата на американско-иранските односи во светлото на оваа војна. По изборот на новиот умерен претседател на Иран, Хасан Рохани, кој најави дека ќе настојува да воспостваи дијалог со претседтелот на  САД. Иран кој го носи епитетот оска на злото со својата нуклеарна програма и постојаните закани кон Израел дека ќе го снема од каратата, светот го сврте анимозитетот, но и стравот на Американците и на Израле кон злоупотребата на нивната нукеларна програма во воени цели. Воедно во колективаното паметење на Американците остана врежано сеќавањето на заложничката криза со американските дипломати од времето на осумдесетите кога на власт дојде имамот Хомеини. Тогашните исламски револуционери ја демолираа американската амбасада и ги затворија американските дипломати во Техеран. Денес Иран и Сирија се заеднички сојузници на Русија, а бројни ирански стратези и советници работата во сиријската армија. Кон оваа тројка мора да се додаде и улогата на Хезболах кој ја подржува Сирија и Иран и чив шеф Хасан Насралах неодамна се сретна со заменикот МНР на Русија Михаил Богданов. Наводно влегувањето во игра на Хезболах во јуни оваа година на страна на сиријските безбедносни сили во битката кај ал-Кисијар, кога од овој град беа истерани бунтовниците се реализирал по средсбата Богданов-Насралах. По најавената ограничена војна акција за да се казни режимот на Асад, во случај на паѓањето на овој режим евентуалниот пост-асадов режим би бил проамерикански, антируски и антиирански со што би биле геостратешки влошени позициите на Иран. На тој начин оваа интервенција на САД во Сирија има и таков геополитички и геостратешки влог.

ПРЕС24:  Во оваа евентуална интервенција САД влегуваат сами, без поддршка на својот традиционален партер Велика Британија. Како го коментирате ова условно речено, “британско изневерување”?

РУЖИН: Десет години по инвазијата во Ирак, Вашингтон е решен да удри на Дамаск со една ограничена воена операција. При тоа оваа операција не би била од широки димензии, а најголемиот мотив за таквата операција е што употребата на хемијското оружје Сарин од страна на сиријската армија им се заканува и на Израел и на Турција и на Јордан кои се сојузници на САД. Фротнот на САД освен Франција го сочинуваат Турција, а подршка кон интервенција даваат Блискоисточните монархии Кувајт, Саудијска Арабија и Катар. Италија, Шпанија и Бразил ја условуваат интервенцијата на САД во Сирија со одобрување од страна на Советот за безбедност на ООН, каде е сигурно дека Русија и Кина ќе се спротистават. Држави кои и се спротиставуваат на војната интервенција се Германија, Велика Британија, Русија, Кина, Јапонија, Канада, Египет, Алжир.. При тоа и државите на Аарапската лига се целосно поделени околу ова прашање.Најгласен за интервенција е Саудијска Арабија а најголем противник Алжир. Во такви услови , одлуката на Барак Обама може да доведе до негово меѓународно излоирање што не е пожелно за еден американски претсеадетл затоа тој и одлучи околу ова прашање да пресече американскиот Конгрес.

ПРЕС24:  Покрај Британија, против интервенција е и Германија, а меѓу членките на НАТО, дури 12 држави се против. Расмунсен беше дециден дека НАТО нема да учествува во интервенција во Сирија. Ако е јасно дека ниту кај Советот за безбедност на ООН нема оправдување за ваква акција, од каде тогаш легитимитет на САД, и во ситуација кога нема ниту официјален извештај за употреба на хемиско оружје, да носи одлука за воена интервенција, која според многу аналитичари, може да се претвори крвав блиско-источен судир со неизвесна завршница?

РУЖИН: НАТО никогаш не може да влезе во еден поширок конфликт ако не  воспостави консенсус меѓу неговите членки. Во војната во Ирак 2003 кога американската инвазија беше оценета за униалтерализам и своеволност ,повеке држави членки на Алијансата не учествуваа во оваа војна(Франција,Германија,Белгја,Луксембург..) па според тоа и НАТО. Алијансата подоцна учествуваше во обуката на ирачките безбедносни сили која се одржуваше во Катара, но ниту еден војник на Алијансата не зачекори на тлото на Ирак под знамето на НАТО. Во однос на доказите, деновиве Белата куќа и Елизе Матињон ја запознаа јавноста со своите аргументи, кои се темелат на видо снимки за интервенција на воените сили на Асад од 29 април кога исфрлајќи Сарин од хеликоптерите врз бунтовниците во Саракеб усмртиле околу 300 луѓе. Останатите докази се делови од употребените оружја, влакна од загинати, анализа на затруената крв, други остатоци.. Сепак остануваат сомнежите бидејќи единатвено биле снимени жртвите на нападот.

ПРЕС24:   Ако САД имаат докази за употребата на хемиско оружје како што тврдат, зошто не ги презентираат?

РУЖИН: Се смета дека арсеналот на хемијско оружје на Сирија изнесува околу 1000 тона. Секако во таквите околности кога треба да се докажува постоење на одговорност и кривица во употреба на хемијското оружје, провејува голема доза на скептицизам и неверица особено по познатата манипулација на Државниот секретар Колин Пауел кога за време на заседанието на Советот за безбедност на обединтетите нации покажа празен флакон наполнет со некој бел прав кој требаше да биде протолкуван како хемијско-биолошко оружје на Садам Хусеин. И денес последиците од оваа манипулација стануваат тема на бројни критики кон администрацијата Буш. Впрочем и гласачкото тело на САД кога се изјаснуваше за Обама ги имаше предвид и грешките на администрацијата Буш направени во Ирак, што доведе до слабеење на позицијата на тогашниот американски претседател. Затоа  Председателот Обама во својата војна против Сирија е соочен со неколку предизвици. Прво тоа е стравот од изолираноста по отстапувањето на В.Британија и Германија. Потоа страв од домашното јавно мислење, кое само 29% е за воздушна интервенција врз Сирија, под услов да бидат поднесени убедливи аргументи за вината на Асад. Пред само една недела тоа изнесуваше 18%. Претседателот е соочен со ставот на Конгресот, односно Сенатот во кој Демократите имаат мнозинство( 53:45) и Представничкиот дом каде Републикаците имаат мнозинство(233:200). За да се создадат услови за бомбардирање на Сирија, обата дома треба да ја подржат иницијативата на Обама. Проблемот во расположението на пратениците на Конгресот е дека и тие се меѓусебе поделени меѓу оние кои се за интервенција, оние кои се за рушење на Асад но не на овој начин,оние што се за интервенција но не веруваат во успехот на интервенцијата и оние кои се скептици и се против интервенцијата. Претседателот на Комисијата за надворешна политика, демократот Роберт Мендес смета дека е неопходна интервенција бидејки Асад ги поминал сите црвени линии. Републиканецот Хауард Мк.Кен инаку претсеадтел на комисијата за одбрана смета дека Председателот Обама мора да покаже дека ги утврдила јасните воени приницпи на акцијата, во спротивно САД можат да загубат

ПРЕС24:  Кои се можните сценарија по одлуките на Конгресот ?

РУЖИН: Конгресмените ќе бидат убедувани од страна на два политички булдожери на Обама и тоа Државниот секретар Кери и Државниот секртар за одбрана Чак Хагел. При тоа познато е дека едниот дом ќе заседава на 9 Сепетмври, а вториот еден два дена подоцна. Од донесените одлуки на Конгресните домови би можеле да се извлечат следниве сценарија: Прво сценарио е дека во случај на добивање зелено светло од страна на Конгресот, Обама политички ќе зајакне, а потоа ќе има широк простор на убедување подржувачите на Сирија со отворена закана за интервенција. Русија веќе истакна дека доказите биле исфабрикувани и дека интервенцијата на САД врз Сирија  ќе го дестабилизира меѓународниот поредок. Според Техеран, со американската евентуална интервенција ќе бидат загрозени и американските интереси на Блискиот исток. Второто сценарио е Конгресот да не даде зелено светло за интервенција. Обама можеби би ја почитувал одлуката, но би истакнал дека меѓународните правила не би смееле да се изигруваат.Под тој изговор тој може да ја бомбардира Сирија но без да објави војна инаку мала но значајна нијанса која му овозможи на Џорџ Буш да води војна во Ирак 2003 без да добие одобрение од Конгресот.Сепак таквото сценарио е непопуларно и изсилено.Трето сценарио , е Конгресот да го одбие предлогот на Претседателот Обама, а под притисок на јавното мислење и меѓународната заедница тој да отстапи од воена интервенција. Во тој случа Обама ја губи популарноста и кредибилитетит, Асад трумфира и на внатрешен и на надворешен план, а на О бама му останува да бара нови санкции со кои би ја блокирал употребата на хемијското оружје. Но веќе на ова ниво никој не може да предвиди каде ќе застане Асад.      

ПРЕС24:  Најмалку две држави во  соседство на Сирија можат да бидат цел на сириска воена интервенција во случај на војна. Израел и Турција. Кои се Вашите проценки дали тоа може да се случи, како евентуален против удар на Башар Ел Асад?

РУЖИН: Во случај на отварање на ова боиште би биле можни изолирани акции на сирисјакат армија и нејзините сојузници Хезболах и ирански доброволци, но целокупниот потенцијал на Сирија би бил насочен против воздушните напади на САД,Турција и Франција. Воедно Сирија не би интервенирала вон гранците на државата бидејќи според зборовите на Башар ел Асад тоа е чисто внатрешна војна против тероризмот. Голема е веројатноста да се зголеми психолошката тензија на соседите од разни хемиски и биолошки оружја како што беше и случајот со Ирак, но мали се можностите Сирија да нападне некој од соседите. Истото го мислам и за Иран кој во случај на американска интервенција сепак би останал во рамките на својата држава, но тоа не важи и за доброволците и советниците кои ги анагажирал Асад.

ПРЕС24:   Дали Сирија би била последната во низата револуции од арапската пролет?

РУЖИН: Секако дека не. Зоната на Големиот среден исток се поротега од Мавританија, Алжир и Мароко преку Блискиот исток се до Авганиостан и Пакистан. Пред сите овие држави престојат значајни и динамични денови на промени, рефроми, демократизација некаде по мирен, а некаде и по насилен пат. Затоа никогаш не може да се констатира дека духот на промените се закочил. Напротив динамиката на промените, битката меѓу старото и новото, современото и конзервативното е постојана.

ПРЕС24:   Колку од денешна дистанца, ако се видат последиците и пост-револуционерните состојби во Египет, Либија, беа оправдани овие ревозлуции?

РУЖИН: Овдека не се работи за оправдани или неоправдани револуции туку за промена на надживените режими и диктатори. Промените ги направија млади луѓе, со дипломи  кои заемно се поврзаа преку социјалните мрежи. Од разни причини овие млади луѓе кои ја понесоа на плеќи арапската пролет  останаа без работа  кои повеќе не поднесуваа тортури и оспорување на нивнит основни граѓански и политички права.

ПРЕС24:  Многумина свестски аналитичари велат дека наводната борба за демократски режими, доведе до инсталирање на радикалниот муслимански фундаментализам во државните структури. Тоа веројатно може да биде поопасно од диктаторските режими на Хусаин, Асад, гадафи?

РУЖИН: На прв поглед тоа е точно, меѓутоа со смената на диктаторите и корумпираните политичари народот доби еден издувен вентил низ кој може да ја остварува сопствената воља. Дали се тоа плоштадите, парламентот, слободата на медиумите и рушењето на старите митови тоа е ирелевантно. Битно е дека се смени политичкиот амбиент во чии рамки постојано се бараше слободата, но не и демократијата. Тоа е можеби и најголемата слабост на арапските диктатури односно недостатокот на соодветен демократски механизам кој ќе ги артикулира специфичностите на арапското општество и култура.

ПРЕС24:   Има ли опасност од екалирање на радикалниот ислам и негово преселување на европскиот континент?

РУЖИН: Не постои ниту поднебје, ниту општествено културна и политичка претпоставка за таквата еволуција. Единствено се можни спорадични акции, атентати, протести, но не и преселување на радикалниот ислам во Европа.

ПРЕС24:   Досега официјално беше потврдено дека во конфликтот во Сирија загинаа четворица македонски државјани. Иако никој официјално не ја знае бројката на лица кои се заминати, претпоставките се дека се околу 500. Колку тие можат да бидат сериозна опасност за Македонија по евентуално нивно враќање во Македонија?

РУЖИН: Ова се релативни проценки. Денес сиромаштијата од една страна или романтичарскиот дух од друга страна можат да потикнат некои млади луѓе да заминат на светските боишта. Воглавно желбата за поголема заработка ги стимулира луѓето да ризикуваат. Меѓутоа при таквите настани, се јавуваат разни синдром пост-воени психолошкии трауми, но и верски заблуди и за подвижноста на милитантните исламисти водат сметка американските, европските а верувам и македонските разузнавачки служби. Опасноста од асиметричниот непријател е постојана таа егзистира и на Балканот. Сепак зсасега Балканот е мирен и покрај фактот што НАТО регистрира неколку келии на муслимански екстремисти во БиХ.

ПРЕС24:  Треба ли Македонија да има порешителен став. На пример да даде отворена поддршка на САД, ако нели оваа држава ја имаме како стратешки партнер?

РУЖИН: Македонија е мала држава со плашлива дипломатија и без јасни кристално јасни ставови за сиријската криза. Македонија нема идентитет на сопствената надворешна политика и во своите ориентации поаѓа од тоа како се поставени главните партнери САД,Турција, Германија, ЕУ, НАТО. Со оглед дека позициите на овие актери се различни, засега РМ молчи, но најверојатно ќе се поведе според позицијата на САД и Турција, односно ќе ја подржи возддушната интервенција на САД врз Сирија. Мојата позиција е дека нашата дипломатија би требало да инсистира решението на кризата да се бара преку ООН, а одговорноста за злочинот врз народот да го поднесе авторот што наредил да се употреби хемијско воено оружје.

ПРЕС24:  Да се вратиме на домашни теми. Ад хок комисијата ја заврши работата. Дали извештајот ќе биде доволен Македонија да ја задржи препораката за почеток на пристапните преговори?

РУЖИН:Можно е, но не мора сигурно да значи дека РМ ќе добие препорака за почеток на пристапните преговори. Демократијата бара постојани реформи, а во тоа РМ заостанува. Патем се наметнува случајот Кежаровски, проблемот на независноста на судството и сл.

 

ПРЕС24:   Дали по оние засилени дипломатски контакти, пред се на ДУИ, еве најавите дека Самарас повторно може да патува во САД, може да се очекува придвижување на процесот за името?

РУЖИН: Целокупната динамика по ова прашање зависи од позициите на Г.Груевски и владеачката ВМРО-ДПМНЕ. Доколу тие решат на компромисна формула, ќе биде надминтао ова пташање во спротивно и ова прашање ќе биде блокирано. Средбите на Али Ахмети со МНР на Грција Везинелос се само еден обичен саемски трик. Една саемска дипломатија. Се ефектуира само заради сликање, но не и заради достигање на вистински ефекти. Доколку Ахмети сака да игра на картата на изнаоѓање компромис за името со Грција, тоа повеќе треба да го прави на внатрешен план бидејќи со овие посети ја бламира македонската дипломатија која на тој начин станиува неспособна во очите на меѓународната зедница

 

ПРЕС24:   Господине Ружин, реално постои ли можност за решение на спорот за името, ако се има в предвид незаинтересираноста на ЕУ, Грција, па и САД?

РУЖИН: Претходно треба да се постzави друго прашање: Каде замина интересот на ЕУ, Грција, САД и НАТО во однос на решавање на спорот со Атина? Постоеше голем интерес и желба кај сите наброени актери за брзо решавање на ова прашање и отварање на евро-атланските перспективи за РМ. Десет години по Самитот на ЕУ во Солун каде беше промовирана идејата за европеизација на целиот Западен Балкан, единствено Хрватска се здоби со членство. Србија и Црна Гора кои беа далеку зад нашата држава веќе ја надминаа Македонија. На што се должи таквата еволуција. Пред се  тактизирањето на Г.Груевски, неговото постојано ветување, а неисполнување на ветеното, градбата и именувањето на топонимите и спомениците со античка вокација, желбата по секоја цена да се задржи власта и со популистички мерки да се наметнува како најголем бранител на името доведоа до разочарување на сите споменати меѓународни актери. И ЕУ и НАТО престанаа да веруваат во вистинските евро-атлански намери на Г.Груевски, во неговата сериознотс, желба и способноста за решавање на овој иарционален спор. Дури се појавија сомнежи дали воопшто Г. Груевски има реални амбиции РМ да се здобие со членство во ЕУ и НАТО. Затоа ЕУ и САД му замеруваат и за истанчената и загрозена демократија, апсењето на новинарите, непостоењето на автономијата и независноста на судството, ударите врз законодавната власт од страна на извршната власт на 24 12.2012..што влијаеше врз создавање инертност и незаинтересираност на меѓународната заедница да ја охрабри нашата држава и да и помогне во излегување од оваа состојба. Еден американски слоган вели : престани да копаш кога си во дупка. За жал Г.Груевски продолжи да копа со уште поголем интензитет и затоа нашето актуелно дно е уште подлабоко од пред 4-5 години. 

03.09.2013 - 14:18

најчитано сега