СДСМ: Мерката „маалски полицаец“ ја враќа довербата во полицијата

Владата предводена од СДСМ продолжува со остварување на предвидените мерки што беа дел од планот за живот во Македонија и програмата за работа на Владата. Министерството за внатрешни работи започна со спроведувањето на мерката маалски полицаец, односно активирање на позорната служба на полицијата, соопшти СДСМ.

Според партијата, ова мерка ќе има исклучително значење во превентивното работење, зголемување на заштитата и безбедноста на граѓаните, како и зајакнувањето на соработката помеѓу граѓаните и полицијата. Со повторното активирање на полицајците позорникари ќе се зголеми безбедноста во населените места, ќе се зајакне борбата против криминалните појави во секое маало, со што ќе се зголеми и довербата во полицијата.

„Маалскиот полицаец е вистински заштитник пријател на граѓаните. Проектот веќе се спроведува во Куманово, следува реализација во Битола и Штип, а ќе продолжи да се спроведува и во другите градови во Република Македонија. Во интерес на граѓаните СДСМ преку Владата што ја предводи останува посветен во спроведувањето на мерките што обезбедуваат слободни, професионални институции, квалитетен и безбеден живот за сите граѓани“, се додава во соопштението.

 

 

 

02.02.2018 - 17:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега