ЕУ чека заеднички став на меѓународната заедница за Сирија

 

Европската унија се надева на дипломатско решение на кризата во Сирија, но и на заеднички став на меѓународната заедница.

Ова денеска го посочи Мајкл Ман, портпарол на високата претставничка за надворешна и безбедносна политика при Унијата, Кетрин Ештон.

Според Ман, ЕУ се уште не може да излезе со официјално тврдење, како што тоа го сторија Франција и САД, дека зад нападите со хемиско оружје во Сирија стои актуелната власт, ниту да заземе јасен став во однос на она што се случува во оваа земја.

- Она што ние го сакаме е заеднички и единствен став на целата меѓународна заедница во однос на кризата во Сирија. А, посакуваме дипломатско решение на истата - посочи портпаролот Ман.

Инаку, со главна тема „кризата во Сирија“, за крајот на неделава високата претставничка на Унијата, Ештон, закажа состанок на министрите за одбрана на земјите-членки на ЕУ, каде е поканет да присуствува и американскиот државен секретар Џон Кери.

03.09.2013 - 13:15

најчитано сега