Залутани куршуми “фрчат“ низ Македонија

Во текот на вчерашниот ден, два залутани куршуми оштетија две возила во Гостивар и Дебар.

Како што информираат од полицијата, вчера околу 14:30 часот, залутан куршум завршил во „Мерцедесот“ на 51 годишниот Б.Б., кој бил паркиран на улицата „Живко Брајковски“ во Гостивар.

Во вториот случај, залутан куршум завршил во „БМВ“-то на 34 годишниот Б.П. од Дебар, кое било паркирано на раскрсницата од улицата „Живко Брајковски“ и „Браќа Гиновски“ во Дебар.

Полицијата ги подигнала проектилеите за вештаче и работат на расветлување на случајот.

03.09.2013 - 12:54