Вклучен портокалов метеоаларм во БиХ - силното невреме предизвика несреќа на патиштата

Портокалов метеоаларм е вклучен деновиве во делови на Босна и Херцеговина, а во останатите делови на сила е жолтиот метеоаларм, поради опасните временски неприлики.

Силни ветрови во просек од 60 и 80 километри на час беснеатна југот од земјата, додека на југоистокот нивната брзина достигнува и до 90 километри на час.

Автобус со херцеговински регистерски таблички излетал од патот, поради снегот и тешката проодност на патиштата. За среќа никој од патниците не е повреден, пренесува босанкиот портал Антена.

Предупредување за невреме е издадено во оваа земја и за наредните неколку денови.

 

 

 

02.02.2018 - 10:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега