Државната изборна комисија е подготвена за евентуален референдум

Државната изборна комисија денеска ги отвори вратите за граѓаните по повод Глобалниот ден на изборите, а оттаму порачаа дека иако членовите го имаат последниот збор, стручните служби се подготвени за евентуален референдум кој Владата го најави пред да се дојде до решение за спорот со името.

„Во однос на евентуално распишување на референдум на државно ниво, согласно изборниот законик и законот за референдум и други облици на непосредно изразување, референдум на национално ниво спроведува Државната изборна комисија. Стручната служба  на ДИК согласно изборниот законик е формирана за административно технички организациони работи  на ДИК“ - изјави Љупка Гугучева, портпарол на ДИК.

Сепак, коалициските партнери, Заев и Ахмети имаат спротиставени ставови за спроведување на референдум. И додека премиерот во неколку наврати најави дека за ова прашање ќе се изјаснат и граѓаните, Ахмети во интервју за грчки „Катимерини“ порача дека за решение не е потребен референдум.

„Најдобар начин за затворање на ова прашање е моделот на Договорот за добрососедство меѓу Скопје и Софија, преку консензус меѓу двете влади, а потоа ратификација во двете собранија“ – изјави Ахмети.

 

 

 

 

01.02.2018 - 17:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега