Општина Струмица ќе дава еднократна парична помош од 3.000 денари на секое новородено дете

На иницијатива на градоначалникот Коста Јаневски, Општина Струмица започна со доделување еднократна парична помош во висина од три илјади денари. 

Помошта ќе се доделува на секое новородено дете на Одделението за гинекологија и акушерство во болницата во Струмица.

Оваа помош ќе ја добиваат полнолетните родилки со постојано живеалиште во градот и населените места на општина Струмица.

Во месец јануари во Струмица се родилo 51 бебе. 

 

 

 

01.02.2018 - 16:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега