Штериов: По ниеден закон не треба да се иземам при изборот на внука ми за обвинител

Претседателот на Советот на јавни обвинители Коле Штериев тврди дека никаде не е пропишана законска обврска дека требало да се изземе при гласањето за неговата роднина Марија Ѓоргева. Таа вчера беше избрана за обвинител во Основнот ообвинителство.

- „Јас за изборот на Ѓоргева гласав воздржано. Но, морав да учествувам во гласањето, зашто има празни места во Советот, нема кворум за работа. Ако ја напуштев седницата, ќе немаше избор на обвинители. Сите останати членови гласаа за Ѓоргева. Во Законот за Советот на јавни обвинители не пишува дека треба во ваков случај член на Советот да се изземе. Каде пишува дека требало да се изземам?“, вели за САКАМДАКАЖАМ.МК претседателот Штериев.

На прашањето дали изборот на внуката на Штериев за обвинител на организиран криминал и корупција е легален и дали треба да се поништи и повтори без да гласа Штериев, тој вели дека тоа е прашање што треба да се упати на Советот, а не нему како член на тој Совет.

 

 

 

01.02.2018 - 12:32
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега