Поминувале на црвено и „летале" на улиците - полицијата во Скопје демне

Пет лица биле полесно повредени во пет од вкупно девет сообраќајки регистрирани во текот на изминатиот ден на подрачјето на СВР Скопје.

Во четири била причинета материјална штета. Од МВР информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци.

Дваесет и седум возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, двајца возачи поминале на крстосница на црвено светло и еден возач за неправилно престигнување. Од сообраќај биле исклучени 11 возачи пред да се стекнат со право на управување на моторно возило, како и четири возила со истечена важност на сообраќајната дозвола.

Санкционирани биле и тројца пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин.

Затекнати биле 83 непрописно паркирани возила. Со помош на специјалното возило пајак, отстранети биле 78 возила

 

 

 

01.02.2018 - 08:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега