Владата најави можно дополнување на мерките за аерозагадувањето

Се размислува за дополнување на сегашниот сет мерки што се применуваат за намалување на аерозагадувањето, но моментно нема прецизини инфирмации за тоа, изјави денеска владиниот портпарол Миле Бошњаковски, одговарајќи на новинарски прашања. 

Интервентните мерки што ги донесе Владата, а кои од вчера повторно се во сила во Скопје, се обврзувачки за сите институции. Досегашната анализа и мониторинг, како што рече Бошњаковски, покажуваат оти институциите се однесуваат одговорно во  однос на примената на мерките.

- Ова се интервентни мерки кои ја ублажуваат моментната  состојба и тие не се конечно решение за проблемот со аерозагадувањето. Конечно решение е подог  процес и постојат мерки и на среднорочен и на долгорочен план. Потребно е очигледно повеќе време додека дојдеме  до фаза во која ќе имаме конечно решение на проблемот, рече Бошњаковски.

Поради загадување на воздухот и исполнување на условите за прогласување на прагот на алармирање на ПМ10 честичките во Скопје вчера беа активирани итни мерки и препораки. Во текот на претходните два дена во Скопје на три мерни места кај Ректорат, Лисиче и во Гази Баба вредностите на ПМ10 честичките го надминаа прагот од 200 микрограми на метар кубен во два последователни денови.

Меѓу мерките се ослободување од работни обврски на бремените жени, лицата постари од 60 години, како и лицата со хронична астма, прележан миокарден инфаркт или мозочен удар, без разлика на возраста, со препорака на матичен лекар.

Во сила е и бесплатниот јавен превоз во автобусите на ЈСП и на приватните превозници. Прекинати сите градежни активности на градилиштата, што се под надлежност на градот.

 

 

 

31.01.2018 - 13:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега