Охрид: Го викнале во пицерија па го претепале - две лица приведени

Вчера во 23 часот и 45 минути во Полициската станица Охрид, 38- годишниот  С.Т од Охрид пријави дека физички бил нападнат од три лица во пицерија.

Имено на улица „Кеј Македонија“. Според пријавата, истиот ден околу 23 часот и 30 минути С.Т. отишол во пицеријата откако му се јавило лицето Г.М. од Охрид и седнал на масата каде седел Г.М. со Н.Б. од Охрид и С.А. од Струга. По кратко време, С.А. со рака го удрил С.Т. во пределот на главата. Веднаш потоа и Г.М. го удрил С.Т. со рака во пределот на главата, се вели во соопштението од МВР.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Охрид.

Во врска со настанот во Полициската станица Струга на разговор било повикано лицето Н.Б. , додека лицата С.А. и Г.М. биле приведени и со нив бил извршен информативен разговор.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.  

 

 

 

31.01.2018 - 13:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега