Град Скопје ги повлече од дневен ред точките за поскапување- водата ќе остане со иста цена

Град Скопје ги повлече од дневен ред точките со кои се предлагаше етапно зголемување на цената на водата, кои што ги предложи Регулаторната комисија за енергетика.

 -Додека сум јас градоначалник на Скопје, граѓаните на Град Скопје поради политикантски одлуки на партизирани органи од минатото нема потреба да плаќаат поскапа вода. Водата ќе остане со истата цена, а ние со домаќинско работење ќе ги сервисираме сите потреби на јавното претпријатие - кажа градоначалникот Шилегов.

Објаснувањето на градоначалникот Петре Шилегов е дека пресметките на регулаторна не се засновани на реални основи.

 

 

 

 

31.01.2018 - 12:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега