Лансирани две балистички ракети над Средоземно Море?

Руското Министерство за одбрана соопшти дека над Средоземно Море утрово е регистрирано лансирање на две балистички ракети.

Како што јави ИТАР-ТАС, рускиот ракетен сиситем за предупредување од ракетен напад во  Армавир, јужна Русија утрово регистрирал лансирање на две балистички ракети во Средоземно Море.

Траекторијата на ракетите била преку централниот дел на Средоземно море во насока на источниот брег. Лансирањето се случило во 10 часот и 16 минути по московско време (осум часот и 16 минути по средноевропско време). 

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу го информирал претседателот Владимир Путин.

Израелските власти соопштија дека не регистрирале лансирање на балистички ракети во источниот дел на Средоземно Море. 

Од НАТО соопштија дека ја проверуваат информацијата за лансирањето на балистички ракети во регионот на Средоземно Море.

- Сирените за предупредување од ракетен напад во Дамаск денеска не биле активирани, соопшти Руската амбасада во Сирија.

Претставникот за Сирија на УНХЦР Тарик Курди претходно изјави дека повеќе од седум милиони луѓе биле принудени да ги напуштат домовите заради конфликтот во Сирија кој трае од март 2011 година.  Околу пет милиони Сиријци се внатрешно раселени лица, а околу два милиона се бегалци надвор од државата.

03.09.2013 - 11:49

најчитано сега