Роденденски подарок од ВИП за своите корисцни

По повод својот шести роденден, Вип претставува нова, специјална роденденска тарифа за сите нови и постоечки Вип Постпејд корисници.

Со новата промотивна роденденска тарифа Vip 6, која е достапна за активација во текот на месец септември, за месечна претплата од само 499 денари корисниците добиваат неограничен број на минути за разговори кон сите национални мрежи и 100 МБ 3Г интернет вклучени во месечната претплата. Оваа специјална тарифа е достапна без договорна обврска и важи за активации само со СИМ картичка. 

- Нашата мисија уште од првиот ден е да донесеме повеќе за нашите корисници, како во однос на понудите, така и за корисничкото искуство и задоволство. Оваа мисија сметам дека доста успешно ја следиме за што говори и постојаниот пораст на нашата корисничка база. Во согласност со оваа филозофија, оваа година, прославувајќи го шестиот роденден, подготвивме уште една извонредна понуда за македонскиот пазар. Ова е нашиот најдраг подарок за вас. Но, побрзајте, како и повеќето специјални нешта во животот и оваа понуда трае ограничено, изјави Џакомо Тоњони, Главен маркетинг директор на Вип оператор.

 

Во исто време, корисниците на промотивениот тарифен модел Vip 6, ќе можат да активираат и неколку дополнителни пакети согласно своите потребии, како што се пакетите за интернет - Surf Plus и Vip Surf 1GB и СМС пакетот за неограничени СМС пораки кон сите национални мрежи.

03.09.2013 - 11:48

најчитано сега