Холивудскиот актер пронајден мртов - полицијата се сомнева на самоубиство

Американскиот актер Марк Селинг, кој признал дека поседува детска порнографија, пронајден е мртов откако најверојатно извршил самоубиство, објавија вчера американските медиуми.

Актерот познат по улогата во американската серија „Glee“ е пронајден мртов во својот дом во Лос Анџелес.

По признавање на вината се очекуваше Селинг да добие помеѓу 4 до 7 години затвор.

На одлуката се жалел во првостепениот суд во октомври минатата година, по што избегнал казна од 20 години затвор.

 

 

 

31.01.2018 - 10:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа