"Гледав како сопругата и синот горат, камо и јас да изгорев" - потресно сведоштво за трагедијата во Битола

Откако минатата недела во Тетово се случи голема трагедија кога во пожар навечер изгореа мајка и четири деца, повторно се повтори големата трагедија, овој пат во Битола, каде изгореа мајка и 17-годишен син на спиење.

Таткото кој успеал да се спаси, за Нова Македонија раскажува за трагедијата во која ги загубил 53-годишната сопруга Фатма и синот Дарко:

- Само чудо ме спаси и јас да не изгорам во пожарот. Но камо и јас да изгорев. Вака како ќе живеам јас сам натаму, без мојот Дарко и без сопругата Фатма. Кога беа живи, поради болеста што ме надвладеа, тие се грижеа за мене. Сега кој ќе ме гледа мене. За мене повеќе нема живот на овој свет. Му се молам на господ и мене да ме земе, изјавил тој со тага, солзи и болка за Нова Македонија.

Инаку, пожарот брзо се проширил, запонал од оџакот, а глетката била морничава. Соседите повикале итна помош и пожарникари, но било залудно.

 

 

 

30.01.2018 - 15:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега