Детали за големата полициска акција во Ченто - неколку лица изнесени со лисици на раце
По добиени оперативни сознанија за недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи и неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори, полицијата изврши акција во скопската населба Ченто.
Полицајците извршија претрес во домовите на лицата: А.А. (35), Р.А. (48), Х.А. (47), А.А. (45), А.А. (40) и И.М. (49).
- „Во претресите на домовите на посочените лица на ул “Фуштанска“ и на ул “Методиј Андонов Ченто“ откриени и запленети се една автоматска пушка, две рамки за муниција, една воздушна пушка, прибор за чистење и пластичен куфер; еден метален пиштол со дрвен ракофат „М 57“ кал.7,62 мм со вметната рамка со осум куршуми; еден пиштол марка „Zoraki“ М 906-В кал.7,65мм, една рамка со шест куршуми кал.7,65 како и една паковка со непозната грутчеста кафеава материја. Исто така откриена и одземена е и уште една пушка“, информираа од МВР.
Лицата се приведени и со нив е извршен разговор, а Единицата за недозволена трговија во консултација и соработка со Основното јавно обвинителство Скопје по целосно документирање на случајот до Основното јавно обвинителство ќе достави соодветни поднесоци.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа