Утврден идентитетот на тројцата загинати во тешката сообраќајка кај Страцин

Тројцата цозачи на автомобилите кои учествуваа во сообраќајката кај СТрацина ги загубиле животите, информира полицијата. Според информациите, пред неполн час на повредите им подлегнал возачот на Тикото, 55 годишниот Драган И. од Крива Паланка. Претходно, животите ги загубија, Гаши И. (36) од Приштина кој управувал со Голфот со косовски таблички и 34 годишниот возач на БМБ-то со бугарски таблички, Далибор Н. од Крива Паланка.

Од полицијата информираат дека во несреќата повредени се четири лица кои биле сопатници во „Тикото“ и косовскиот „Голф“.

Сите со тешки повреди се пренесени во болница.

Сообраќајката се случи утрово околу 5:15 часот. Од се уште неутрведни причини, три автомобили се судриле на магистралниот пат Крива Паланка - Куманово кај селото Страцин.

 

 

03.09.2013 - 11:34

најчитано сега