Помош од Општина Василево за семејството Ристови чиј дом изгоре во пожар

Општина Василево му достави помош на семејството Ристови од село Дукатино, чија куќа целосно изгоре во пожарот завчера.

Ристови добија пакети со прехранбени продукти и хигиенски средства, а дополнително ќе им се помогне и финансиски.

- На наредната седница заедно со Советот на општина Василево ќе донесеме одлука со која ќе му доделиме финансиска помош на ова семејство и на тој начин ќе му помогнеме во овие исклучително тешки моменти, рече градоначалникот Марјан Јанев. 

 

 

 

29.01.2018 - 16:19
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега