Османи: Законот за јазици ќе биде донесен, ВМРО-ДПМНЕ не може да го спречи

Законот за употреба на јазиците ќе биде донесен и покрај непотпишувањето од страна на претседателот Ѓорге Иванов и обидот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ со поднесените амандмани да го блокира., изјави денеска Бујар Османи на на средба со новинарите.

- Законот е целосно во рамки на Уставот и го задоволува и духот на Рамковниот договор. Ги помина сите фази во Владата. Жалиме што претседателот на државата не го потпиша законот и не успеа да ја искористи последната година од својот мандат да биде кохезивен фактор во општеството. Меѓутоа, жално е и што опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ не го искористи овој моментум за да ги потврди своите тврдења по изборите дека е погрешно интерпретирана и оти се антиалбански настроени или дека згрешиле во односот кон Албанците, рече Османи на новинарите.

Според него, Законот за јазици произлегува од амандманот 5 од Уставот на РМ и од Рамковниот договор и е уставен.

 

 

 

29.01.2018 - 12:16
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега