Заев: ВМРО-ДПМНЕ да не го блокира Собранието кога треба да добиеме преговори за ЕУ

Судењето на премиерот Зоран Заев за случајот Поткуп е одложено за 26 февруари поради отсуство на обвинителот. Тој денеска откако ја напушти судницата изјави дека ВМРО-ДПМНЕ треба да не ја блокираат работата на Собранието.

- „Јас сум Зоран Заев и се борев за враќање на демократијата во Македонија. Јас го почитувам правото на опозицијата да ги користи сите демократски права и начини на постапување во законодавниот дом и насекаде. Мене ме загрижува што ќе се случи со реформите кои се битен услов за добивање препорака за Македонија сега во вакви услови кога ќе се блокира работата на Собранието со поднесените амандмани, изјави денеска Заев, пренесе Сакамдакажам.

 

 

 

 

29.01.2018 - 10:51
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега