Ципрас не успеа да обезбеди поддршка за решавање на спорот за името

Според Ројтерс (Атина), грчкиот премиер Алексис Ципрас во саботата не успеа да добие поддршка од лидерот на најголемата опозициска партија за да изгради консензус пред интензивираните преговори помеѓу Грција и Македонија за решавање на повеќедеценискиот спор за името.

Лидерот на конзервативната Неа Демократија Киргијакос Мицотакис во телевизиското обраќање по средбата со Ципрас истакна дека ,,Ние нема да ги поделиме Грците за да го обединиме Скопје’’ пренесува Ројтерс. Од Ројтерс напоменуваат дека партијата на Мицотакис води на анкетите во овие моменти.

Ахмети пак за грчкиот весник Катимерини вели ,, Најдобар начин за затворање на ова прашање е моделот на Договорот за добрососедство меѓу Скопје и Софија, преку консензус меѓу двете влади, а потоа ратификација во двете собранија, вели Али Ахмети во интервјуто за, објаснувајќи дека владата и опозицијата имаат историска одговорност да постигнат решение и да ги одведат граѓаните и земјата во НАТО и ЕУ. Ќе учествуваме во преговорите за да постигнеме решение, а не само за да преговараме. Потребно ни е решение, и нас во Скопје и вас во Атина. А подобро време од сега не постои’’.

 

 

 

28.01.2018 - 15:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега