Мекејлеб: Сакам со Македонија да играме на Светското првенство

Клучна алка во играта на нашата репрезентација е несомнено Лестер Бо Мек Кејлеб. Преку квалификациите за Европското во Литванија, потоа на самиот шампионат во Литванија, па и на олимписките квалификации Мек Кејлеб е секогаш ударна игла на македонската репрезентација.

Во пресрет на Еуробаскетот во Словенија во интервју за Сител, Мек Кејлеб изјави:
 
- Ова Европско првенство ќе биде поинакво. Сите го знаат тоа имаме повторно добар тим и добро сме подготвени. Знам дека многу навивачи ќе дојдат во Словенија и дека ќе имаме подршка. Не е најважно да бидам во најдобрата петорка, важно е да победуваме и да се квалификуваме за Светското и тогаш пак ќе дојдам да играм.
 
Светскот првенство се игра следната година во Шпанија
03.09.2013 - 10:58