Со секири и железни вили ги размеѓувале нивите - крвава расправија меѓу двајца кочанчани

Синоќа се случил крвав инцидент во кочанско село Грдовци. Двајцата соседи Б.Ј. и В.Ј. не можеле да се договорат каде ќе минува меѓата на нивните ниви па почнале жестока расправија која завршила со уште пожестока тепачка, пишува Канал 5.

Б.Ј земал секира за да ги расчисти сметките со својот сосед, а В.Ј., пак, употребил железна вила. За среќа, објавува Канал 5, нивните соседи брзо интервенирале и спречиле трагедија.

Полицајците едвај ги раздвоиле лутите селани и со возило на кочанската Брза помош итно биле пренесени на хируршкото одделение во кочанската болница.  Според Канал 5, по обработка здобиените рани, 69-годишниот Б.Ј. е пуштен на домашно лекување, додека неговиот 49-годишен соселанец, поради тежината на повредите на главата, е задржан на понатамошно лекување.

Полицијата го расветлува случајот и оттаму најавуваат соодветна пријава за двајцата лути соседи.

03.09.2013 - 10:45

најчитано сега