Полицијата со детали за големиот пожар во Лисиче
Вчера околу 21.50 часот во Скопје на улицата „Михаил Глинка“ во населбата Лисиче избувнал пожар во двоспратна куќа во сопственост на 59-годишниот Б.Џ.
Куќата била целосно опжарена, а пожарот се проширил и на соседна куќа, сопственост на 46-годишниот С.А. при што целосно бил опожарен кровот и дел од инвентарот на приземјето.
Пожарот е целосно изгаснат десетина минути по полноќ од Бригада за противпожарна заштита.
Се преземаат мерки за утврдување на причините за пожарот, информираат од МВР.
27.01.2018 - 12:12
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа