Фановите на Сталоне згрозени од објавата за своите ќерќи

Американскиот актер Силвестер Сталоне (71) објавил на социјалната мрежа натпис на еден портал во кој пишува дека неговите ќерки Софија (21) и Систинe (19) се секси бомби и дека на мажите им го забрзуваат пулсот со своите фотографии.

Сталоне веднаш се нашол на удар на критиките на фановите кои му рекле дека тоа е чудно, иако можеби се гордее со нивната манекенска кариера.

„Човеку, тоа ти се ќерки. Го сакам твоето работење, но не сум сигурен дека вака би требало да ги промовираш своите деца“, му рекле обожавателите на актерот. Други му честитале на секси ќерките и му додале дека неговото однесување наликува на она на американскиот претседател Доналд Трамп (71) кој неколкупати во јавноста зборуваше чудни работи за својата ќерка Иванка (36) и граѓаните му порачаа дека е лигав.

Сталоне по многубројните негативни реакции на фановите, сепак одлучил да ја тргне својата објава.

Актерот од 1997 година е во брак со бившата манекенка Џенифер Флавин (49) и ги имаат ќерките Систинe, Софија и Скарлет (15). Со бившата сопруга Саша Џак (67) добил синови, актерот Сирџо (39) и Саџ кој почина во 36-тата година од инфаркт.

Трите ќерки на Сталоне се занимаваат со манекенство по пример на мајката, а во 2017 година ја понеле титулата Мис на Златните глобуси придружувајќи го својот татко на црвениот тепих. Актерот често се фали со нив и ги носи на забавите по Холивуд.

 

 

 

26.01.2018 - 11:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа