Законот за амнестија стапува на сила - многу затвореници на слобода, многу со намалени казни

Од денеска стапува во сила Законот за амнестија, а од понеделник затворите ќе почнат со дистибуција на досиејата на осудените лица до судовите кои им ги изрекле затворските казни.

– Брзината на излегување на амнестираните зависи од судовите, велат за МИА од Управата за извршување на санкции.

Оттаму потврдија дека се подготвени за доставување на сите решенија што ги ослободуваат осудените лица од издржување на казна затвор.

– Организирани сме до сите судови на рака да им се пренесат решенијата за да не се губи време по пошта, велат од Управата и посочуваат дека станува збор за околу 800 амнестирни затвореници.

– Како судовите ќе изготват решенија, така тие треба да се достават до затворите, да се потпишат и да се вратат назад. Значи, брзината на излегување зависи од судот. До понеделник се ќе биде доставено до судовите во целата Република, додаваат од Управата.

Законот за амнестија кој е донесен на 15 јануари, покрај амнестирањето на околу 800 затвореници, предвидува и намалување на казната за 30 отсто и на 3.097 осудени лица.

 

 

 

26.01.2018 - 08:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега