Комитет во Владата ќе надгледува дали се почитуваат препораките од ревизорите

Ревизорски комитет како постојано тело при Владата составен од шест члена, а со кој ќе претседава министерот за финансии ќе биде задолжен за разгледување на ревизорските извештаи за дадените препораки и имплементација на акциските планови за реализација на препораките во ревизорските извештаи од Државниот завод за ревизија.

- Со години наназад го поттикнуваме заживувањето на оваа активност и верувам дека во наредниот период истата како активност ќе почне да се имплементира. Таквиот начин на разгледување на извештаите ќе помогне во доста висок степен на реализација на имплементација на дадените препораки во ревизорските извештаи, изјави Цвета Ристовска, помошник на главниот државен ревизор, пренесе Плусинфо.

Треба да работи како советодавно тело, а прифатениот акциски план ќе значи обврска за институциите на кои се однесуваат препораките.

 

 

 

25.01.2018 - 20:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега