Ристовски: Беше чест да се биде Македонец и да се бори за својата земја

Репрезентативниот голман на Македонија, Борко Ристовски на социјалните мрежи објави, како што вели, позајмен статус со кој се сложува во целост.

-Гордоста не се мери со врвови или медали…тоа е само награда за нешто постигнато. Гордоста е вродена…или ја имаш или ја немаш. Гордоста е да се оди со глава крената…да не потклекнеш пред никого…да го љубиш ближниот свој..домот, семејството, државата, родот свој и народот свој.

Колку кошта гордоста? Има ли мерка?

Пехар? Медал? Пари?

НЕ. Гордоста нема ниту мерка, ниту награда ниту врв. Гордоста нема граница!

Да живее Македонија и да живеат сите горди Македонци. А останатите…хххммм..и да сакаат не можат да бидат горди!

Напомена! Позајмен статус со кој се сложувам во целост!

Благодарност до федерацијата, докторскиот тим, цела логистика која беше околу нас, нашите навивачи кои беа наша огромна поддршка и цела Македонија! Беше чест да се биде Македонец и да се бори за својата земја и народ со сите вас. Да живее Македонија, пишува Ристовски на Фејсбук.

 

 

 

25.01.2018 - 16:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега