Германското разузнавање потврдува - Сирија употреби хемиско оружје

 

Федералната разузнавачка служба на Германија располага со информации во поддршка на ставот дека владините сили во Сирија употребиле во напади хемиско оружје, објави Шпигел.

Началникот на разузнавањето Герхард Шиндлер дознал за време на тајна средба со пратеници од Бундестагот за пресретнат телефонски разговор меѓу претставник од либанската Хезболах и иранската Амбасада.

Во него се споменувало дека силите на Асад дале наредба за хемиски напад. Претставникот на Хезболах навел дека „не издржале нервите на Асад“ и тој „направил голема грешка“. Шиндлер додал дека тоа е доказ оти владините сили извршиле напад со хемиско оружје. 

03.09.2013 - 09:10

најчитано сега