Паднало на час Физичко - Нови детали за детето кое почина на операција на Клиника

Момче од 15 години починало додека го оперирале на Клиниката за Трауматологија, дозна Пресс24. 

Според најновите податоци до кои дојде НОВА, момчето паднало на час физичко, и било донесено како итен случај, а смртта настапила како резултат на малигна хипертермија која се случува во многу ретки случаи кај пациенти кои имаат генетска мутација и во комбинација со анестетик може да настапат компликации и смрт.

- „Нема грешка во анестезијата, ниту пак се работи за алегриска реакција туку веројатно станува збор за ненормално однесување на организмот кон анестетикот и според клиничките знаци се сомневаме дека се работи за малигна хипертермија. Тоа може да се докаже преку генетско испитување кое ќе треба да го направи и семејството заради безбедност во иднина На Хуруршките клиники каде од секоја клиника посебно има по илјадници операции годишно досега не сме имале ваков случај. Клиничките знаци се исти како што се опишани во медицинската литература“, потврдија за НОВА на КАРИЛ.

 

 

 

24.01.2018 - 19:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега