Вуцис: Прашањето за името нема да ја разниша грчката влада

Претседателот на грчкиот Парламент, Никос Вуцис, изјави денеска дека прашањето за името може да доведе до одредени промени на грчката политичка сцена.

Тој напомена дека ова прашање нема да ја смени стабилноста на грчката Влада, пренесува МИА.

- Процесот на решавањето на името ќе доведе до големи промени во политичкиот систем, најверојатно по хоризонтална линија. Сепак, верувам дека тоа нема да ја смени стабилноста на Владата. Во никој случај нема да се промени состојбата дека ќе има големо мнозинство во Парламентот во врска со сложено име, за тоа има и индикации и услови - изјави Вуцис во интервју за Real fm. 

 

 

 

24.01.2018 - 16:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега