Фото: Поставени заштитни столпчиња по должината на повеќе булевари во Скопје

Продолжува големата акција за поставување заштитни столпчиња  по должината  на  повеќе улици и булевари во централното градско подрачје.

Оваа координирана акција се спроведува по налог на Град Скопје и истата е во насока на зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот и овозможување  непречено движење на пешаците.

Деновиве екипите на ЈП „Улици и патишта“ извршуваат градежни активности за поставување заштитни столпчиња на тротоарите на булеварот „Свети Климент Охридски“, на потегот од крстосницата со улица „Свети Кирил и Методиј“ до крстосницата со улица „Димитрие Чуповски“.

Досега се завршени градежните работи од едната страна на булеварот (пред Европскиот факултет), каде што се поставени 126 заштитни столпчиња, а во моментов се извршуваат градежни работи од другата страна на булеварот, каде што треба да се постават дваесеттина столпчиња.

Изминатиов период, во рамките на оваа голема акција столпчиња беа поставени и по должината на  улицата „Димитрија Чуповски“, пред Министерството за правда, како и по должината на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“, пред објектот на поранешна „Нова Македонија“. Во оваа акција изминативе два месеца досега се поставени околу 300 заштитни столпчиња.

 

 

 

24.01.2018 - 16:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега