Македонско- грчка средба на премиерско ниво на маргините на Светскиот економски форум во Давос

На маргините на Светскиот економски форум во Давос, сега и официјално, за 15 часот е најавена македонско- грчка средба на премиерско ниво. Во агендата на премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас ќе доминираат теми поврзани со преговорите за името.

Прва средба на премиерите на Македонија и на Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас, на маргините на Светскиот економски форум во Давос.

Македонската Влада состанокот го оценува како исчекор во процесот за изнаоѓање заемно прифатливо решение за името. Од официјална Атина, најава дека се настапува со веќе познатите ставови на Грција за име со географска одредница за севкупна употреба.

 

 

 

24.01.2018 - 15:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега