Законот за јазиците по усвојувањето ќе оди на Венецијанската комисија

Портпаролот на Владата Миле Бошњаковски на денешната прес-конференција го повтори владиниот став дека Законот е во согласност со Уставот на државата и оти е изгласан во демократска атмосфера, со поддршка од мнозинството пратеници.

Тој при тоа уште еднаш ги повика пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да се вратат во Собранието за да учествуваат во амандманската расправа на третото читање на законот која е закажана за понеделник.

- Место каде пратениците на опозициската ВМРО-ДПМНЕ треба да ги достават нивните предлози е Собранието на РМ.
Што се однесува до Венецијанската комисија, Владата уште на 4.08.2017 година донесе заклучок дека Законот по усвојување во Собранието ќе оди цел на мислење до Венецијанската комисија, а кога ќе се врати во Република Македонија постои политички консензус и политичка волја сите забелешки и мислења на Венецијанската Комисија ќе бидат имплементирани во истиот закон, рече Бошњаковски на новинарско прашање.

 

 

 

24.01.2018 - 13:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега