Земјотрес го погоди популарниот остров во Грција

Сѐ уште нема информации за евентуалните штети.

Земјотрес со јачина од 4,4 степени според Рихтерова скала синоќа го потресе тлото на острвот Крит, соопшти Институтот за геодинамика во Атина.

Епицентарот на земјотресот е регистриран во 01:14 часот по полноќ на 329 километри јужно од Атина.

Земјотресот е регистриран во морето, на длабочина од 10 километри, пренесуваат грчките медиуми.

 

 

 

24.01.2018 - 12:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега