Се сеќавате на „зградата Кармен“? - поминаа 18 години од првата емисија

ТВ серијата „Наше Маало“ која се емитуваше од 1999 до 2004 година ќе остане запаметена како еден од најуспешните и најомилените проекти на нашите простори.

Проектот под покровителство на УСАИД промовираше соживот и меѓуетничко разбирање и низ цели 5 сезони со вкупно 40 епизоди ни го исполни секојдневието со авантурите на големите-мали деца.

Вчера по повод прославување 18 години од снимањето на оваа серија која на сите кои растеа со неа со сигурност им недостасува, се собраа сите актери на едно место.

Зградата Кармен прослави 18 години, особено горда на тоа што не учеше кај луѓето да ги цениме квалитетите, а не потеклото или религијата. 

Видеото погледнете го ТУКА.

 

 

 

24.01.2018 - 11:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега