Лазаров: Одеднаш сите застанавме, немаше кој да преземе

Поразот на Македонија од Чешка 24-25 ќе се објаснува и анализира уште долго, но првите импресии на играчите, по натпреварот се опишуваат со еден збор- разочарување.

Филип Лазаров рече дека со Чешка знаевме како, имавме победи против неа и ни лежеше оваа селекција, но кога требаше, застанавме.

„Имавме денеска хемија за победа. Така изгледаше, се функционираше до 45. минута, на крај снемавме идеја, сила, Борко застана, сите застанавме одеднаш, немаше некој расположен играч да преземе во последните десет минути, да ни олесни. Два гола ни требаа за победа, но тоа е, нема бегање од ова“, рече Лазаров.

Тој имаше многу мала минутажа на натпреварот, ниту пет минути и не успеа да упати ни еден шут кон голот.

 

 

 

23.01.2018 - 22:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега