Издржете момци, утре на Данска не и треба мечот со Македонија

Денеска работите ѝ се местат на Македонија како по нарачка. Победата на Словенија и наш позитивен резултат вечерва со Чешка ќе ни направат уште една услуга.

Ако Македонија ја победи вечерва Чешка, Данците и теоретски обезбедуваат полуфинале. Победата на Словенија им ги тргна Шпанците како закана, а наша задача е да не ѝ дозволиме бодови на Чешка. Дури и да одиграат нерешено со нас, Чесите веќе нема да можат да ја стигнат Данска, а камо ли ако загубат. Единствената закана за Данците е ако ние одиграме вечерва реми, Германија ја победи Шпанија, а ние утре славиме со три или повеќе разлика.

Оттука, Данска како сигурен полуфиналист би влегла во утрешниот меч со Македонија (18.15ч.) и сигурно не би ги трошела своите сили бадијала. Мотив за да не се штедат против нас би била желбата да си одберат противник од другата група, евентуално да ја избегнат Франција. Меѓутоа и во групата А дури утревечер од 20.30 ќе се решава дали Франција или некој друг ќе биде прв, така што и тоа отпаѓа.

По 30 минути во Вараждин, Македонија води против Чешка со 13-11.

sport1.mk

 

 

 

23.01.2018 - 21:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега