63 повредени лица срушени згради и мрак - торнадо направи хаос во Јапонија

 

Најмалку 63 лица се повредени при удар на торнадо во јапонската префектура Сајтама, во источниот дел на Јапонија, пренесува ИТАР-ТАСС.

Сериозно се оштетени над 200 станбени згради, а околу 25 илјади домаќинства во префектуриет Сајтама и Тиба се без електрична енергија.

Во погодените региони се испратени спасувачки екипи и комисии за проценка на штетите. 

02.09.2013 - 13:25

најчитано сега