Македонија „заледена", неверојатно ниски температури утринава: Каде е најстудено

Минус десет степени се измерени изутринава во седум часот во Берово, Маврово и Лазарополе, најниска температура во државата, по што следат Крива Паланка и Крушево со минус осум,  Тетово, Ѓуриште, Претор, Пожаране, Прилеп и Скопје Петровец со минус шест,  Дебар, Тополчани, Охрид и Битола со минус пет, Виница, Струмица, Демир Капија, Скопје и Штип со минус четири, а во Гевгелија минус еден.

Најмногу снег има во Ѓуриште, 12 сантиметри, а снежната покривка во Маврово изнесува осум сантиметри, во Пожаране седум.

Времето сончево, но студено. Од утре и магла.

 

 

 

23.01.2018 - 08:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега