По потегот на претседателот Иванов - во понеделник пак се гласа за Законот за јазиците

Во понеделник на 29. јануари Законот за јазиците на кој претседателот Иванов стави вето, ќе биде изнесен на пленарна седница.

Овој закон се враќа пред пратениците откако на 17 јануари претседателот на државата Ѓорге Иванов одби да го потпише указот, за законот кој пратениците без учество на опозицијата го изгласаа едногласно.

Ако повторно биде едногласно изгласан, Иванов потоа ќе мора да се потпише на указот.

 

 

 

23.01.2018 - 08:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега