Влада на РМ: Законот за употреба на јазиците е согласно Уставот и изгласан во демократска, парламентарна процедура

Владата на Република Македонија смета дека Законот за употреба на јазиците е согласно Уставот на Република Македонија.

Од Владата сметаат дека законот изгласан е во демократска, парламентарна процедура и е во интерес на сите граѓани и во рамки на концептот едно општество еднакво за сите, соопшти владината прес-служба како реакција на ставот на ВМРО-ДПМНЕ да се повлече Законот.

-ВМРО–ДПМНЕ имаше можност да учествува во процесот на носење на овој закон во Собранието на Република Македонија, но одби да го направи тоа со што демонстрираше политичка неодговорност. Имајќи предвид дека претседателот Иванов не го потпиша указот за прогласување на законот за употреба на јазиците, истиот повторно ќе се најде во Собраниска процедура, при што ВМРО–ДПМНЕ ќе има можност активно да интервенира преку амандмандска расправа, стои во реакцијата.

 

 

 

22.01.2018 - 20:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега