Клупите повторно полни, крај на зимскиот распуст - МОН предлага големи промени

По три недели одмор, денеска учениците повторно седнуваа во училишните клупи и се враќаат на настава за второто полугодие од учебната 2017/2018 година.

Министерството за образование и наука ги соопшти промените што ги планира во наставните планови и програми за следната генерација првоодделенци, меѓу кои намалување на бројот на предмети, најмногу четири наставни часа во денот, повеќе одмор и игри, вежби наместо домашни, како и часот да трае 55 минути со по 15 минути одмор меѓу секој час.

За овие промени ќе следи јавна расправа.

Денеска во клушите седнуваат 270.000 средношколци и основци, меѓу кои и 20.000 првачиња.

 

 

 

22.01.2018 - 08:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега