Амбасадата на САД во Скопје ќе издава визи и покрај финансиската блокада на американската влада

Американската амбасада Скопје денеска соопшти дека нејзиниот сервис за пасоши и визи, како и за итни случаи за американските граѓани, ќе продолжи да работи и покрај затворањето на американската влада.

„Закажаните сервиси за пасоши и визи и сервисите за итни случаи за граѓаните на САД ќе продолжат во амбасадата за време на затворањето на владата на САД. Нема да го обновуваме овој профил редовно, освен во итни случаи“, соопшти Амбасадата на САД на својот официјален профил на Твитер.

Владата на САД е во финансиска блокада откако ноќеска Демократите и Републиканците не успеаја да се договорат околу имиграцијата и потрошувачката.

Двата дома на Американскиот Конгрес не постигнаа договор за усвојување предлог за финансирање на федералната влада во Вашингтон, дојде до финансиска блокада.

Со блокадата,сепак,нема да престане финансирањето на сите агенции,програми и услуги,финансирани од федералната влада. Вработените во министерствата и агенциите кои не се од витално значење ќе престанат да доаѓаат на работа , се додека не се создадат услови Конгресот да го усвои законот за федерално буџетирање.

 

 

 

20.01.2018 - 15:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега